Владимир Влажев -Панчо, музичарот кој е дел од дуото „ДНК’ во емисијата „Ти реков ми рече“ зборуваше малку и за политика.
– Со гордост настапувам на кампањата за изборите. Многу ми е драго што сум дел и што секаде каде што одиме има многу луѓе. И верувам дека ќе биде така голема победа и на изборите. Прво за враќањето на достоинството на сите Македонци. -рече Панчо.
Тој јавно кажа дека е лут што оваа власт го промени името на Макеоднија. Конкретно го посочи тогашниот премиер Зоран Заев.
– Јас Зоран Заев го множам со нула. Не можам да го наречам ни господин. Мислам како политичар. Како личност немам ништо против него, но за тоа што го направи како политичар од тука има блокада. Да не го признаеш референдумот на кој грото од луѓето ти се изјаснуваат дека не се за промена на името, а ти „пу,пу не важи“ е тоа не можам да го разберам – рече пејачот.
Погледнете ја целата емисиај во продолжение.