Реклама
Наши ѕвезди

На Панчо и Андреј од ДНК им понудија 150.000 денари – парите ќе одат за лекување на малиот Лео

Познатото дуо ја стави на аукција статуетката што деновиве ја освоија на манифестацијата Златна бубамара

Реклама

Во моментов најголема понуда е 150.000 денари

Панчо и Андреј од ДНК деновиве започнаа уште една хуманитарна акција. Овој пат тие ја ставија на аукција нивната Златна бубамара што ја освоија годинава, а лицитацијата трае до понеделник до 22 часот.

Како што е наведено, парите од лицитацијата ќе одат за лечење на 18-годишниот Леонид Индов, а доколку сакате да му помогнете на ова момче за да го продолжи лекувањето, тоа можете да го направите и преку телефонските броеви за донации:

Маркетинг

Т-Мобиле 143 118

А1 143 500

Инстаграм/ Панчо ДНК

Меѓу првите се огласи еден реномиран спортист од Македонија кој сакаше да остане анонимен, а кој понуди 60.000 денари за статуетката, а во моментов најголема понуда е 150.00 денари.

Маркетинг

Инстаграм/ Панчо ДНК

На социјалните мрежи се огласи и Панчо кој сподели фотографија од Лео од болницата во Виена.

„Другари, Лео видно расположен ви испраќа голем поздрав од Виена и ви се заблагодарува на сите за безрезервната поддршка што му ја давате во изминатиов период, а посебно последната недела“.

Инстаграм/ Панчо ДНК

„Да ве потсетам дека лицитацијата на Златната бубамара завршува утре во 22 часот, а највисоката понудена сума досега изнесува 150.000 денари. Начинот на лицитирање ви е веќе познат. Ја пишувате сумата во коментар на Инстаграм постот или на ДНК страната на Фејсбук“, напиша Панчо во својата последна објава на социјалните мрежи.

Кликни тука и учествувај во лицитацијата >>

Потсетуваме, Леонид Индов е 18-годишно момче кое по несреќата што му се случи минатата година во Грција остана врзан за кревет и сега се соочува со најтешката битка во својот живот.

Тој во моментов е на лекување во Виена, но потребни се 140.000 евра за да го продолжи истото, пари што неговите родители ги немаат.

Од овие причини ги замолуваме сите хумани луѓе кои се во можност да донираат како ова младо момче повторно би можело да се врати во школските клупи и да биде со другарите.

Тоа можете да го направите со јавување на некои од телефонските броеви или со вклучување во хуманитарните акции преку кои се собираат средства за лекување.

Телефонски броеви за донација:
Т-МОБИЛЕ 143-118
А1 143-500

Исто така не заборавајте и да го споделите овој пост како истиот би пристигнал до што поголем број на луѓе.

Па, ајде сите заедно да му помогнеме на Лео.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button