CelebrityНаши ѕвезди

Панчо ќе добие ѕвездено небо – вечерва овој македонски град ќе се поклони на музичката легенда

Advertisement

По иницијатива на граѓани на Штип, преку социјалните мрежи беше споделен евент со повик за вечерва, 15-ти октомври 2025 година, да се организира настан на градскиот плоштад „Слобода“ во чест на Панчо, половина од легендарното македонско дуо ДНК, кој трагично почина вчера и ги скрши срцата на илјадници фанови.

На овој емоционален настан, сите кои сакаат да ја оддадат својата почит, ќе имаат прилика да се соберат во 20:00 часот и да го погледнат небото во заедничка тишина и благодарност за Панчо, човекот кој светеше меѓу нас. Идејата за овој настан е да се создаде „Ѕвездено небо“ во негово име … за да блеска, како што Панчо блескаше со својата музика и со своето присуство во срцата на фановите.

Advertisement

Повикот е едноставен: „Споделете за небото да блеска како што Панчо блескаше со сите нас“.

Се очекува голем број граѓани да се соберат и да го прослават животот и делото на оваа музичка легенда, која остави неизбришлива трага на македонската сцена.

Овој настан е уште една потврда за тоа колку големо влијание имал Панчо и колку многу значел за своите обожаватели. Иако физички не е меѓу нас, неговото наследство и светлина ќе продолжат да живеат во песните и спомените што ги остави зад себе.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button