Палми, море и поглед што ви го одзема здивот – нашата водителка од Малдивите објави преубава вест
Еве како Елена си ги полни батериите...

Нашата позната водителка отпатува на Малдивите, па веднаш сподели неколку фотографии од преубавата дестинација.
Водителката Елена Стојановска-Јанковска ги спакува куферите и со своите најблиски замина на Малдивите.
Таа откако се смести во својот луксузен апартман, веднаш направи неколку фотки од прекрасното опкружување.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Имено, Елена го сликаше тиркизното море, но и како ужива на песочната плажа која изгледа волшебно заради белиот песок.
Водителката носеше проѕирен бел фустан за плажа под кој се познаваше нејзиниот костим во тиркизна нијанса.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
На социјалните мрежи веднаш доби комплименти за својот изглед, но и пораки од колешките кои и посакаа убаво да си помине.
„Убавина си Елена“, „Уживај убавице и добротице“, „Прекрасна“, беа само некои од коментарите што ги доби под фотографиите.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Посебен ден
Но покрај преубавите фотографии од ова егзотично место, Елена сподели и една фотографија со торта.
Имено, на нејзината ќерка и беше роденден, па Елена со оваа порака на својата наследничка и го честиташе роденденот.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
„Илинче, те сакаме бескрајно. Мама и тато“, напиша Елена откривајќи воедно и дека сите заедно со на ова преубаво патување.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Тоа можеше да се види и од снимката на која наздравуваат сите тројца заедно, а на која Елена ги означи сопругот и нивната ќерка.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Потсетуваме, Елена пред само неколку недели го прослави својот 45 роденден, кога внимание привлече како со својот елегантен изглед, така и со тортата на која беше украсена со една шеговита порака.
„Вештерките никогаш не стареат“, пишуваше на тортата со која пријателките ја изненадија Елена, а големо внимание привлече и фотографијата на која водителката позираше во прегратките на сопругот.

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Како блескаше Елена покрај својот сопруг со кого оваа година слават 15 години брак, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Повеќе фотки и од оваа чуда забава погледнете тука >>




