Палентата некогаш била скромна храна, а денес е неизбежен дел од модерната гастрономија.
Овој оброк содржи доволно минерали, нутриенти и витамини колку што му е потребно на телото за нормално функционирање. Палентата има големо влијание на спречување на разните болести, како и на целокупното здравје на луѓето. Таа во својот состав има природни масти и токму тие се заслужни за нејзината моќ. Палентата е одлична и во отстранувањето на вишокот килограми, затоа што така влијае и на доброто и здраво варење на храната.
Таа во својот осостав има само природни материи, па е одличен избор и за бебињата и децата. 100 грама палента содржи околу 380 калории. Таа е здрав оброк кој децата ќе го обожаваат, особено ако ја комбинирате со јогурт или некој зеленчук кој го сакаат вашите малечки. Уште една причина што овој оброк е идеален за децата, е тоа што палентата го спречува наглиот пад на имунитетот.