Наши ѕвезди

Пак се здружија по 16 години и го урнаа Интернетот – Јован Јованов и Елвир Мекиќ имаат хит

Новата соработка на Јованов и Мекиќ уште еднаш потврдува дека вистинската музичка хемија не познава време, таа само чека момент повторно да се роди.

Advertisement

По пауза од цели 16 години, познатите македонски музичари Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно се здружија во заеднички проект. Песната „Адреналин“ само за еден ден собра повеќе од  80 000 прегледи на Јутјуб.

Advertisement

Двајцата автори, кои во 2008 година ја раздвижија сцената со хитот „Слаба точка“, велат дека идејата за нов дует се родила спонтано и со желба да ја оживеат енергијата од нивната прва соработка.

„Песната се создаде на почетокот на оваа година. Како автори се потпишуваме ние двајцата, заедно со Христијан Настески, Пајак и мојот брат Иван Јованов. Првично планиравме да ја објавиме пред лето, но поради други околности решивме тоа да биде есенски проект“, изјави Јованов.

Елвир Мекиќ додава дека по долга пауза чувствува вистинска возбуда:

„Среќен сум што повторно работиме заедно. ‘Адреналин’ ја носи нашата препознатлива енергија, но во современо издание. Со нетрпение ги очекувам реакциите на публиката.“

принтскрин јутјуб

Песната, која се одликува со брз ритам и заразен звук, е проследена со видеоспот снимен во Штип, во продукција на Урбан рекордс.

Како ви се допаѓа Адреналин?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button