Падна запросување на коњаницата кон Крушево – Храбар комита ја запроси својата комитка во срцето на Бигорски
Advertisement
Дијана М8 часа ago
Илинденската коњаница врви по својот пат веќе втор ден, пристигнаа кај Бигорскиот манастир и таму се случи нешто прекрасно и невообичаено.
Меѓу морето од комити во моментот кога се случуваше церемонијата на заклетва се случи и голем романтичен момент. Еден млад комита ја изненди својата девојка, додека таа се поклонуваше пред преклопените револвер и кама, тој застана, поточно клекна зад неа на едно колено и извади веренички прстен. На овој голем момент во срцето на Бигорскиот манастир тој побара од неа да му стане жена пред голем број сведоци.
Стефан Ѓурчиновски е среќникот, а Марија Давидовска е идната невеста.
Видео од овој прекрасен момент објавија на фејсбук групата Непокор.мк. На објавата стои:
Во срцето на Бигорски, еден коњаник ја запроси својата сакана комитка – токму на патот кон Крушево, во пресрет на Илинден.
Ова не е само љубов – ова е завет, традиција и слободарски дух.
Илинденската коњаница носи љубов кон татковината… и љубов кон животот.
Нека љубовта ви роди дом полн со смеа, здравје и мали комити што ќе растат со љубов кон Македонија.
Сега со сигурност знаеме дека кон Крушево, патот за Марија и Стефан нема да биде тежок, тие ќе летаат од љубов и среќа.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .