Oгромна тага – почина познатата македонска актерка Костадинка Велковска

Македонската, хрватска и југословенка глумица која оствари бројни впечатливи театарски, филмски и телевизиски улоги, Костадинка Велковска, почина вчера на 74 годишна возраст.
Таа почина во неделата на 76-годишна возраст во пензионерски дом. Простувањето ќе биде во четврток, 14 март 2024 година во 14 часот во крематориумот во Мирогој.
Костадинка во јули минатата година доживеа мозочен удар, по што беше на интензивна нега во КБЦ Загреб. После тоа се прошири лажна вест дека актерката починала, но тогаш нејзината снаа ја демантираше веста. На почетокот на годината нејзиниот син Никола Подкрајац изјави дека Костадинка била во загрепски дом за стари лица.
Веста за хрватските медиуми ја потврди нејзиниот син.

„Мајка ми почина во недела вечер во старечки дом. Нè боли нејзиното заминување, но се држиме. Се бореше осум месеци“, потврди Никола за 24сата, синот на глумицата.
Семејството потврди дека погребот на глумицата ќе биде во четврток на 14 март, во Крематориумот Мирогој во 14 часот.
Актерката летово доживеала мозочен удар, а подоцна била сместена во старечки дом во Загреб. Пред да доживее мозочен удар, на Велковска ѝ бил отстранет бениген тумор на мозокот, но се појавил уште еден, па дури и трет. Таа на почетокот на април откри за хрватските медиуми дека повеќе време поминува на лекар отколку на сцена.
Актерката имаше богата кариера. Таа глумеше во сериите „Забранета љубов“, „Комшии засекогаш“, „Нашата мала клиника“, „Не се откажувај“, „Нина“, „Дар Мар“, „Битанги и принцези“… Се оствари и со улогите во филмовите „Процес на бомбардирање“, „Браво маестро“, „Јазол“ и многу други.
Костадинка Велковска е родена во Скопје, 1948 година. Освен по бројните улоги, ќе биде запаметена и по шансоните испеани на македонски, хрватски, француски, италијански и германски јазик.




