OГРОМНА ТАГА – почина познатата актерка!

Актерката Тиса Фароу почина на 72-годишна возраст, а тажната вест ја потврди нејзината сестра, исто така познатата актерка Миа Фароу (78).
Тереза Магдалена Тиса Фароу беше американска актерка и модел, најпозната по улогите во филмовите Winter Kills и Zombie Flesh Eaters.
Таа се појави и во комедијата на Вуди Ален Менхетен од 1979 година, непосредно пред тој да започне романтична врска со Миа.
Миа рече дека нејзината сестра починала „неочекувано“ и „во сон“ во средата, на 10 јануари.

– Ако има рај, таму несомнено отиде мојата убава сестра Тиса. Таа беше најдобрата од нас – никогаш не сум сретналa подарежлива личност или некој што дал повеќе љубов.
Го сакаше животот и никогаш не се жалеше. Никогаш. Таа беше медицинска сестра 27 години, прекрасна сестра на Стефи, Пруденс и мене, посветена мајка на Џејсон, кој почина во Ирак, и Бриџит и баба на младиот внук, Кајлор – кој беше светлината на нејзиниот живот.
Таа ненадејно починала вчера наутро, во сон. Ова е тежок период за сите нас кои и се восхитуваме и толку длабоко ја сакаме – напиша прославената актерка.
Тиса е родена во 1951 година во Лос Анџелес, шест години по Миа, и беше најмладaта од седумте браќа и сестри родени во ова холивудско семејство.
Нивниот татко бил режисерот Џон Фароу, кој го напишал филмот оскаровец „Околу светот во осумдесет дена“ од 1956 година, пишува „Дејли мејл“.




