OГРОМНА ТАГА – Актерка почина на 22-годишна возраст

Фрејтас боледувалa од туберкулоза
Актерката и модел Изис Фреитас од Бразил почина на 22-годишна возраст.
На Фреитас и била дијагностицирана туберкулоза, а по мачна борба, во тешка состојба била пренесена во болница.
Таа почина во неделата и беше погребана на гробиштата Ксавиер во Сан Франциско во понеделникот.

– Со големо жалење и тага ве известуваме за смртта на нашата актерка и придружничка Исис Фреитас.
Во име на целата екипа и персонал на LMA, изразуваме искрено сочувство до сите нејзини пријатели и семејството.
Обединети сме во солидарност за оваа непоправлива загуба – соопштија од нејзината агенција LMA Producoes.

Фото: Социјални мрежи
Фрејтас ја започна својата кариера како модел пред да стане актерка и да се појави во бројни претстави. Таа се појави и во бројни реклами за козметички брендови.




