Дали знаете како овошјето во козметичките производи дејствува на вашата кожа?
Производите кои се издвојуваат според бојата и формата, идеални се за започнување на денот во добро расположение.
Овошјето е преполно со хранливи материи и е честа состојка во многу козметички линии за да се задржи кожата мазна, влажна и блескава. Сепак, не мора секогаш да се потпирате на скапи брендови за да добиете добар резултат.
Кокос
Кокосовото млеко е богата со масла и витамини кои ја негуваат кожата и косата. Хранливите материи на кокосовото масло продираат длабоко во кожата, ја хидратиризраат и ја ’заклучуваат’ на влага. Кокосовото млеко е идеално за сува кожа, ја враќа еластичноста и убавината. Натопувањето на телото во кокосово млеко не е само уживање и шанса за релаксирање… станува збор з третман кој нуди голем број погодности, како за телото, така и за кожата. На крајот, кој не ужива во мирисот на кокос, кој е синоним за лето и плажа! Филипинките се надалеку познати по својата раскошна и миризлива коса. Нивната тајна е кокосовото масло, кое се загрева и се нанесува во косата. Ќе добиете сјајна и свиленкаста коса по миењето. Ако верувате на познати светски нутриционисти, секојдневното консумирање на една лажица масло од кокос значително ја зголемува енергијата. Покрај тоа, кокосот е многу хранлива состојка за кожата и телото. Го препознале тоа и голем број домашни и светски wellness центри кои во својата понуда имаат третмани наменети за хидратација и заштита на кожата од сушење. Експертите велат дека кокосовото млеко и масло на кожата ù обезбедуваат ненадминливи хранливи материи, омекнувајќи ја подобро од многу преценети и скапи лосиони.
Манго
Мангото е овошје кое се одгледува повеќе од 5.000 години. Според легендата, Буда седел под едно манго дрво кога доживеал просветлување. Не е нужно дека ќе преминете на повисоко ниво на свест доколку вашето тело го негувате со манго, но сигурно ќе бидете заштитени со антиоксиданси. Плодовите на манго се богат извор на витамини А, Ц и Е, железо, бета-каротен и есенцијални масни киселини. Клучот за неговата козметичка употреба лежи во семката која се пресува и од која се добива путер. Ќе ви ја регенерира кожата и косата доколку го иситните и кашестата смеса ја нанесете на саканиот дел од телото.
Премини на следната страна >>