Следува диета која е вистинско уживање за љубителите на јагоди, базирана токму на нивното омилено овошје.
И што е најдобро од се – таа дава одлични резултати и со неа можат да се изгубат дури 3 килограми за само 4 дена!
Диетата се базира на зголемено внесување на јагоди, кои се полни со витамини Ц и фолна киселина. 100 грама јагоди даваат само триесетина калории, па затоа во склопот на диетава се препорачува јагодите да бидат вклучени во секој оброк за да се осигура посакуваното губење на килограми, но и доволно енергија во текот на денот.
Препораките се денот да се започне со 300 грама јагоди за појадок, а истата количина се консумира и за десерт после ручекот. Може да направите и овошна салата, при што наместо 300 грама, ќе ставите 250 грама јагоди, пола јаболка и пола банана, на кои ќе им додадете и една лажица мед и 50 грама незасладен јогурт.
Меѓуоброкот, односно ужината, вклучува порција јагоди, во која можете да додадете и малку сладолед и така направите шејк, кој сигурно ќе ви го „избрка“ гладот. За вечера се препорачува 500 грама јагоди и јогурт со намалена количина на млечни масти пред спиење. Освен јагодите, од овошје во текот на денот може да се изеде и пола банана.
Ваквиот модел на исхрана е фокусиран на погодноста која ја нуди зголемената консумација на јагоди, но во рамките на начелата на правилна исхрана, кои заговараат внесување на различни намирници од сите видови.
Истава оваа шема може да се примени и со друго зрнесто овошје, како што се малините или боровинките, во зависност од сезоната.
Пример за исхрана во текот на еден ден:
Појадок: Кафе или чај со лажица шеќер, 350 грама јагоди, посно сирење.
Ужина: Мал сендвич (интегрално пециво, сирење, 100 гр. пилешки или мисиркин стек) со доста зеленчук.
Ручек: Бистра супа од зеленчук, салата од зеленчук со лимонов сок и 1 лажица билно масло, 350 грама јагоди, чаша бело вино.
Ужина: 350 грама јагоди со лажица шеќер или мармалад од јагоди.
Вечера: 500 грама јагоди со кнедли од соја или два варени компири и 50 грама посно сирење.
Она што треба да се знае е дека зголеменото внесување на јагоди во организмот поттикнува детоксикација на органозмот и губење на 2 до 3 килограми во текот на еден ден, што е сосема реално да се очекува доколку дел од храната во текот на денот се замени со нискокалорично овошје.
Хранливите влакна ќе го подобрат варењето, а мноштвото фитохемикалии ќе поттикнат антиоксидантно дејствои кое поволно ќе делува на имунитетот и свежиот изглед на кожата.
Сепак, диетава е сиромашна со некои важни хранливи материи како што се протеините и мастите, затоа ваквата рестрикциона диета не се препорачува да се спроведува повеќе од неколку дена.