На овој хороскопски знак ништо не му е доволно.
Тој го сака само најдоброто, но како нему му одговара. Умее секојдневието да ви го претвори во хаос, а исто така и љубовниот живот. Претпоставувате ли дека станува збор за гордиот и бестрашен Лав?
Тој ќе ве маѓепса со силни парфеми и ќе ве води под рака низ животот. Лавот мора да биде вашето светло на крајот на тунелот, бидејќи ако го нема него, ќе ве нема ни вас. Вие би требало да му бидете благодарни затоа што ве одбрал токму вам за да бидете негова девојка и заедно да имате магична љубовна врска. Со други зборови, вие треба да верувате дека сте добиле џек пот.
Но, сето ова е далеку од вистината. Тој всушност од вас бара да дишете како што тој сака и да играте по неговите правила, додека целосно го запоставувате вашиот живот и вашите потреби.