Овој згоден доктор е син на Ава Керш и покојниот Пепи Бафтировски – еве што наследи од родителите
Семејството на легендарниот пејач и денес живее во Америка

Нашата позната пејачка Ава Керш (60) која веќе со години живее во Америка е горда мајка на две возрасни деца.
Имено, Ава од бракот со Пепи Бафтировски ја има ќерката Марина и синот Емил кој многу личи на својот татко.
Емил, денес е успешен доктор во Америка, а за него велат дека го наследил најубавото од своите родители.

Фејсбук/ Ава Керш
И бидејќи животот во туѓина не e лесен, Емил за своето место под сонцето се изборил со макотрпна работа (види тука), но денес ужива во благодатите на неговиот труд, а неговата мајка секако дека е горда како на него, така и на својата ќерка.
Имено, Ава покрај Емил ја има и ќерката Марина, која е мажена и која и подари три внучиња.
И Марина денес живее во Америка, а во оваа земја почива и нивниот татко, Пепи Бафтировски.

Фејсбук/ Ава Керш
Потсетуваме, Ава и денес, во своите 60-ти години изгледа привлечно како и во најубавите години од животот.
Таа беше една од нашите најпознати фолк-пејачки, а по заминување во Америка ја промени професијата.

Фејсбук/ Ава Керш
Таа и денес блеска со својот природен шарм, а во една пригода за Гламур откри и како се негува.
Благодарение на танцувањето со кое се занимава откако е во Америка го одржува своето тело во топ форма, а како што самата вели, и денес обожава да ја де чоколадо, но и речиси никогаш не одржувала ригорозни диети, а нејзината тајна е во умереноста.
„Не се воздржувам од никаква храна. Убедена сум дека на нашето тело му е потребно се, меѓутоа во умерено количини. Слабост ми е овошјето и чоколадото тоблерoне. Бев многу среќна дека ги има и во Америка“, откри Ава во една пригода за Гламур магазин.
Целото интервју со Ава прочитајте го тука >>



