Овој српски пејач сними дует со една од најпознатите Македонки – нашата Хабиби ги воодушеви сите
Никогаш не би погодиле дека оваа двојка би можела да направи песна што ги воодушеви целиот Балкан

Ќе биде ли ова уште еден голем хит на Гавазова?
Нашата позната фолк-пејачка Сузана Гавазова сними дует со фолкерот Звонко Демировиќ кој деновиве го здогледа светлото на денот.
Генијалната идеа оваа необична двојка да сними заедничка песна ги воодушеви сите, а песната веќе бројни сериозни бројки.
Тие ги здружија нивните гласови и направија вистински хит, песна која веќе ги изненади нивните обожаватели.
Принтскрин/ Јутуб
Пејачката во спотот се појавува во неколку различни изданија, а како изгледа, може да погледнете во продолжение.
Принтскрин/ Јутуб
Песната се вика „Хабиби – обичам те“, а делови од спотот се снимени во луксузната вила на пејачката во Дојран.
Принтскрин/ Јутуб
Куќата на Гавазова е направена со камења и дрва, со интересен влез што може да се види и во видеото, и убава голема модерна влезна врата. Целиот двор е преубаво уреден со вештачка трева и палми, а во едниот дел од дворот пејачката има и базен, во кој ужива во летните денови.
Принтскрин/ Јутуб
Потсетуваме, Звонко е познат српски фолк пејач, а неговата најпозната песна „Наташа“ постои во српска, но и во ромска верзија.
Принтскрин/ Јутуб
Песната „Хабиби-обичам те“ за само еден ден има преку 60.000 илјади прегледи, а овие бројки сами доволно кажуваат за тоа дека пред нас имаме нов хит на една од најпознатите македонски фолк-пејачки.