Новости

Овој популарен водител ќе го „наследи“ Саша Поповиќ – нема да има утка дека сите ќе зјапаат во телевизорите

Тој ќе пресуди кој кандидат продолжува понатаму во случај на изедначен резултат.

Advertisement

Огњен Амиџиќ ќе има клучна улога во новата сезона на „Пинкови ѕвезди“. Според најавите, неговата функција ќе биде многу слична на онаа што некогаш ја имаше Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“.

принтскрин јутјуб

Тоа значи дека тој ќе ја претставува продукцијата на телевизија Пинк и ќе ја има последната одлука во моментите кога жирито нема да може да постигне договор, односно ќе пресуди кој кандидат продолжува понатаму во случај на изедначен резултат.

Advertisement

Сè уште не е откриено кој ќе биде водител на натпреварот, но според првичните информации, „Пинкови ѕвезди“ ветува да биде најгледаниот и највозбудливиот музичко-забавен проект оваа есен.

Првите три емисии, кои ќе ја прикажат фазата на аудициите, ќе бидат снимени на почетокот на септември во театарот „Одеон“. Потоа, шоуто се сели во големо специјално уредено студио во Шимановци.

Жељко Митровиќ најави спектакуларна сценографија, со најсовремена технологија и ефекти, со што целиот проект ќе биде претставен како нешто невидено досега на овие простори.

Advertisement

Во црвените столчиња на жирито ќе седнат Десингерица, Драган Стојковиќ Босанац, Зорица Брунцлик, Вики Миљковиќ и Јелена Карлеуша.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button