Далгона кафето отиде во заборав: Овој пијалак со чај е новиот Инстаграм тренд!
Времето кое го поминувавме затворени дома дополнително не’ поттикна повеќе време да посветиме на ситни ритуали кои ни дозволуваа да уживаме во моментот и да ги наполниме батериите.
Поради тоа, не треба ни да не’ чуди што порасна бројот на интересни и забавни рецепт кои омилените класики ги претставуваат во сосема ново светло. Последниот Инстаграм тренд кој вреди да го испробаме е токму декорацијата на омилениот топол чај со нежни цветови камилица, јоргован или листови од ружа.
https://www.instagram.com/p/CAqbjeCn-sf/?utm_source=ig_embed
Едноставно, омилениот чај збогатете го со цветови од вашата градина, кои, секако, претходно ќе ги измиете. Можете да додадете и цвеќе кое е дозволено да го консумирате и така дополнително да ја зачинете целата авантура. Ќе ве воодушеви раскошот на мирисите, но и визуелниот впечаток кој го остава овој романтичен напиток.
Ритуалот за пиење чај има важна улога во бројни култури, а поради благотворното дејство кое го има на нашето здравје, но и на нашето расположение, би требало да биде дел од нашата дневна рутина и во топлите денови. Ако очекувате гости, изненадете ги со овој нов тренд и следете ги нивните реакции.