Овој пат пукна тиквата по само ПЕТ МЕСЕЦИ брак – поранешниот на Северина се разведува?!
Ова се деталите...

Нов естраден развод
Игор Којиќ и неговата избраничка Софија решија да стават точка на нивниот брак и тоа по само пет месеци брачен живот.
Како што пишуваат медиумите, тие решиле да се разведат заради разликите во нивните карактери, како и бројните недоразбирања помеѓу нив со кои се соочувале во последните неколку месеци.
Инстаграм
Како што пишува српскиот Телеграф, одлуката за развод ја донела Софија, додека Игор на почетокот не се согласувал.
Според него тие требало да си дадат уште една шанса, но на крај сепак тие и двајцата решиле дека ова е најдоброто решение.
Инстаграм
И како што пренесуваат извори блиски до познатиот пар, тие на почетокот изгледале како во холивудските филмови.
И двајцата биле вљубени, а Софија толку го сакала што се согласила да се омажи за него иако кратко време беа заедно.
Инстаграм
Но по некое време започнаа недоразбирањата, а пред дваесетина дена Софија му кажала на Игор дека повеќе не сака да живеат заедно.
Потсетуваме, наследникот на Драган Којиќ Кеба, Игор и 15 години помладата Софија, склопија граѓански брак во јануари.
Инстаграм
Тие тоа го направија во тајност, а Игор тогаш ги изненади сите со фотките на кои се гледа како ги потпишува во книгата.
Како изгледала Софија некогаш, пред бракот со Игор, а како изгледа сега, погледнете од фотките во продолжение:
Инстаграм
Потсетуваме, Игор претходно од 2015 до 2021 година беше во брак со популарната хрватска пејачка Северина.
Северина на својот профил на Инстаграм долго време ја чуваше нивата прва фотографија од венчавката.
Инстаграм
Таа по разводот само го промени описот и со тоа откри што мисли за нивниот брак кој траеше шест години.
Имено, Северина и Игор се венчаа во тајност во 2015 година, кога пејачката и ја сподели фотката со следната порака.
Инстаграм
Мило мое, да не се сретнавме навистина ќе беше грев“, напиша тогаш, а само неколку години подоцна, по разводот, го напиша следново:
„Голем грешка“„, пишува сега под фотографијата со која Северина открива доволно што мисли за нејзиниот пропаднат брак.