Реклама
LIFESTYLEВирално

Можеме само да им завудуваме – тие се заедно повеќе од два века

Реклама

Заедно имаат вкупно повеќе од два века. Џон наполни 106 години, а неговата сопруга Шарлот 105 години. Овој пар од Тексас, според Гинесовата книга на рекорди, е најстариот жив пар на светот.

ФОТО: Printscreen Twitter

Џон и Шарлот во декември ќе го прослават својот 80-годишен заеднички живот. Парот се венчал во 1939 година, а се запознале во 1934 година, додека биле студенти на универзитетот во Тексас.

Шарлот студирала за да стане учителка, а Џон бил дел од фудбалски тим. За CNN изјавиле какви тешки времиња поминале заедно, кога за хотелската соба која ја изнајмиле за меден месец, потрошиле само седум долари. Не треба да се заборави на тоа дека Џон е и најстариот жив бивши фудбалер на унвиерзитетот во Тексас. Овој пар е жив доказ за тоа дека љубовта може да живее долго. Тие велат дека со текот на годините љубовта помеѓу нив само се зајакнувала…

Маркетинг

Поврзано

Back to top button