Овој нов парфем во форма на пеперутка „лета“ од полиците – еве зошто стана хит прекуноќ
Вреди да се проба за секое вложено денарче.

Новата приказна од престижниот бренд Carolina Herrera пристигна со силен чекор и уште посилна порака: женственост што се гледа, чувствува и трае.
Додека светот уште го памети моментот кога „Good Girl“ во облик на висока потпетица ја освои публиката во 2016 година, сега брендот ја продолжува својата елегантна традиција со ново мирисно поглавје – La Bomba, парфем кој предизвикува интерес толку голем, што веднаш „лета“ од полиците.

Првото нешто што остава без здив е дизајнот – стаклено шишенце во форма на раскошна пеперутка, обоена во длабока фуксија нијанса која асоцира на женственост, смелост и промена.
Интересот за La Bomba е толку голем што во повеќето продавници останува само по некоја мала количина. Во некои парфимерии во Европа, како и во соседните земји, може да се најде само најголемата варијанта, а повеќето верзии доаѓаат со ознака „скоро пристигнува“.

Цените се во рамки на луксузната класа: 30 мл чини околу 90 евра, 50 мл – 134 евра, а 80 мл – 173 евра. Постојат и сетови и дополнителни производи за тело со истиот мирисен потпис.

La Bomba се отвора со сочни овошни ноти кои носат свежина и благо егзотичен карактер. Во срцето пулсираат црвен божур и цветот франгапани, создавајќи интензивна и заводлива цветна средина. Мирисот завршува во база од кремаста ванила и длабок пачули, комбинација која обезбедува долготрајност и сензуална топлина.
View this post on Instagram
Мирис што се развива и трае
По првиот впечаток на освежувачка слаткост, La Bomba постепено се претвора во топол, длабок и елегантен мирис што останува на кожата со часови. Дел од облеката може да го задржи мирисот дури и денови подоцна.
Иако нов, La Bomba успеа да стане апсолутен хит меѓу љубителките на парфеми. Ако сте во потрага по мирис што комбинира моќ, женственост и оригиналност, ова може да биде токму вашиот следен омилен потпис. Но, да го почекаме и кај нас…



