Овој манастир крие една тајна, ретко кој ја знае, а се наоѓа на само 15 км од Скопје

Денот на трудот ги наполни и оваа година излетничките места насекаде низ земјата. Мирисаше на скара, свежа салата, собрани друштва на различни купчиња, кој фатил прв сенка ги фатил и најубавите места, весели дечиња кои трчкаат по ливадите, музика за душа, долги разговори и цел ден поминат на сончевите зраци.

Да, за некое чудо овој 1 Мај ни донесе сонце иако статистички гледано за Празникот на работниците секогаш си врне.
Нашата работна прошетка беше едно место коешто не е многу популарно, а е рај за душата. Се наоѓа на 15 км од центарот на Скопје, на убавата Скопска Црна Гора поточно во с. Горњане, Манастирот Свети Никита е опкружен со природа од сите четири страни.

Стар е над 800 години и има чудна магија во него. Многумина коишто дошле и се помолиле на каменот кој се наоѓа во манстирот велат дека желбата им станала стварност.

Денеска на паркингот пред манастирот немаше место игла да се фрли.

Кој е светецот Никита?
Роден е во Витинија, во градот Кесарија. Никита пораснал кај баба му, мајката на татко му. Откако заврши со изучувањето на науките појде во Мидикискиот манастир, каде што игуменот Никифор го потстрижа за монах, а по седум години подвиг патријархот Тарасиј го ракоположи за јеромонах. По смртта на Никифор и на Никитиниот верен другар Атанасиј, братството го избра Никита за игумен, а тој тоа го прими наспроти својата волја. Свети Никита им беше светол пример за живот и подвиг на браќата цела низа години. Но кога се зацари царот Лав V Ерменин, после благочестивата Ирина и правоверните цареви Никифор и Михаил, иконоборната ерес повторно се распали. Царот го симна патријархот Никифор и го испрати во прогонство, а на негово место го воздигна еретикот Теодот Каситер, човек со нечист живот. Беше затворен и мачен и Никита, но тој не се поколеба во Православието – стои во православниот календар.

Никита бил многу измачуван, но не се откажал од верата кон Бог.
Го носеа од затвор во затвор, го мачеа со глад и со жед, со мраз и со пот и подбив. Но, не можеа да го расколебаат. Особено му здодеваше еден Никола со потсмеви и навреди. Никита се повлече во едно осамено место близу Цариград, каде последните денови од неговиот земен живот ги помина во молитва и благодарење. Кога умре, телото му го пренесоа во неговиот манастир. При оваа поворка мнозина болни коишто се допреа до неговото тело се исцелија. Моштите му беа положени до гробниците на неговиот духовен отец Никифор и другар му Атанасиј. Овој голем јерарх се упокои во Господ во 824 година – се вели во писанието за Никикта,.

Неговите мошти се закопани во овој манастир пред олтарот и покриени со чудотворен камен кој има силни моќи да помага.

Денеска овој манастир беше полн со христијани кои празникот одбраа да го поминат на ова духовно место. Дворот на манастирот е преубав со маси и клупи, а оние коишто пристигнале подоцна се снашле и се раскомотиле на тревата.

Спокојно и убаво место коешто ќе ви даде прекрасен мир. Можете да го посетите кога ќе посакате вратите на манастирот се отворени за секого.

Црквата е изградена од крал Милутин на преминот од 13-ти кон 14-ти век. Таа има карактеристична византиска архитектура и фасадна декорација, додека внатрешноста е покриена со живописот на познатите зографи Михаило и Ефтихиј.

