Новости

Овој македонски град заплива во иднината – Отворен првиот затворен базен, се пишува нова спортска историја

Advertisement

По повеќе од пет години застој, зимскиот покриен базен во Штип конечно е при крај и се очекува да биде отворен во текот на утрешниот ден, најави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Изградбата повторно беше активирана пред неколку месеци, по заедничка иницијатива на Општина Штип и Министерството за спорт.

Деновиве започна и асфалтирањето на паркинг просторот околу базенот, кој има капацитет за околу 50 возила, а инвестицијата изнесува 1,4 милиони денари (околу 23.000 евра). Во внатрешноста на базенот се довршуваат последните градежни и технички работи.

Advertisement

Изградбата на базенот започна уште во февруари 2020 година, кога темелникот го постави тогашниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски. Иако првично беше најавено дека објектот ќе биде готов во 2021 година, проектот беше во целосен застој за време на мандатот на неговиот наследник, Наумче Мојсовски, кој воопшто не изврши увид на терен.

Ситуацијата се промени по посетата на актуелниот министер за спорт, Борко Ристовски, во јануари годинава, кој најави интензивирање на работите и нивно завршување до крајот на летото.

Објектот претставува покриен базен со димензии 25 метри должина и 9 метри широчина – прв од ваков тип во Штип. Локалниот пливачки клуб „Челични“ досега зимските тренинзи ги одржуваше главно во странство.

Advertisement

Иако првичната проценка беше дека базенот ќе чини околу 600.000 евра, поради долгото доцнење се очекува крајната цена да биде значително поголема.

Овој базен е дел од иницијативата за изградба на покриени зимски базени во 14 македонски градови, најавена пред седум години од тогашната Агенција за млади и спорт, но досега се реализираа само два. Министерството за спорт најавува дека до крајот на летото, покриени базени ќе добијат уште четири градови, вклучително и Штип.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button