Наши ѕвезди

Овој Македонец беше еден од НАЈЗГОДНИТЕ пејачи во „Ѕвездите на Гранд“, жените беа луди по него

Беше еден од најубавите но и од најдобрите пејачи...

Advertisement

Кога прв пат се пoјави во „Ѕвездите на Гранд“, на неговиот шарм падна и Јелена Карлеуша , но и сите останати дами.

Посебно кога запеа на сцената, така што уште од почетокот сите предвидуваа дека пред него е блескава кариера.

Advertisement

Станува збор за Ристе Ристески, охриѓанецот кој во 2017 година победи во популарното музичко шоу со гласовите на публиката.

Инстаграм/ Ристе Ристески

По победата во „Гранд“, Ристе едно време живееше во Белград, но потоа реши да се врати во својот роден град.

Advertisement

Сними и неколку синглови, па за време на пандемијата направи пауза, а оваа година во месец мај наполни 30 години.

Настапува низ клубовите во Македонија, а поприлично е популарен и на својот Инстаграм каде има речиси 30.000 фанови.

Инстаграм/ Ристе Ристески

И денес е во топ форма

Фотографии не објавува многу често, но секогаш кога ќе го направи тоа добива голем број коментари и лајкови, но очигледно и бројни пораки од претставничките на понежниот пол.

Инстаграм/ Ристе Ристески

Посебно кога ќе се појави во едно вакво издание, па ќе покаже дека и денес редовно вежба и дека е во топ форма.

Неговото згодно тело и овој пат ги воодушеви обожавателките, а Ристе во една пригода и самиот откри дека жени постојано му пишуваат „скокотливи“ пораки на социјалните мрежи, но и која пејачка во тоа време најмногу му се допаѓаше.

Инстаграм/ Ристе Ристески

„Додека траеше натпреварот, добивав секакви понуди, слики, но и коментари. Но се навикнав и сега не обраќам внимание на тоа. Кога се убави и пристојни работите, одговарам. Се трудам да бидам пристоен и културен“, изјави тогаш пејачот кого токму заради атрактивниот изглед и неговата топ форма, многумина го споредуваа со Саша Ковачевиќ.

Инстаграм/ Ристе Ристески

Некогашниот победник во „Ѕвездите на Гранд“ тогаш во едно интервју откри и дека пејачка која многу му се допаѓа како работи, но и како изгледа е Милица Павловиќ.

Инстаграм/ Ристе Ристески

Потсетуваме, Ристе во „Ѕвездите на Гранд“ се натпреваруваше во 2017 година, ког со гласовите од публиката го освои првото место.

Посебно ќе остане запаметен еден негов настап кога со песна од Тоше Проески буквално растури на пред камерите. Тогаш Аца Лукас, Карлеуша и Марија Шерифовиќ, кои тогаш беа дел од жирито, излегоа на сцената и му честитаа, што навистина ретко се случува во шоуто.

Тој е толку сладок, секси.. ти благодарам што пееш на македонски. Македонскиот е толку секси“, изјави тогаш Карлеуша.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button