Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Не може без внимание и аплауз – Овој хороскопски знак тежнее за слава

Реклама

Мора да биде во центарот на вниманието, а можеби веќе претпоставувате за кој хороскопски знак се работи…

ФОТО: Profimedia

Лавот е знак кој има голема телесна и умствена сила, голем потенцијал кој го искористува на вистинскиот начин. Неговите апетити се огромни, има цврста волја и изразена самодоверба. Добро знае што сака, а и како да го постигне тоа. За да го сфатите Лавот, треба да ја проучите неговата средина: приватна, професионална и социјална. Лавот е оној кој има доминантна улога, или барем се труди да го постигне тоа.

Се’ што прави, прави од срце, но и поради некој. Се однесува како актер на сцена, дури и кога е сам се замислува дека некој го гледа и го оценува. Му треба внимание, восхит, обожавање, аплауз! Плодовите од неговиот талент не се ништо ако не се изложени на туѓите погледи. Им завидува на оние кои имаат повеќе од него, но им помага на другите кога ќе забележи дека имаат одредени способности. Сака да биде заштитник и иницијатор, многу е великодушен во друштвото, а особено кон оние кои му се лојални и кои ги сака. Без него светот би бил досаден, тој е оној кој на се’ дава поголема димензија, појак зачин и сјај. Не го интересира ништо просечно, а тежнее за слава, титули и подароци. Тежнее кон луксуз, а има непогрешлив инстинкт да ги препознае вистинските вредности. Многу е емотивен и силен, а честопати претерува и во доживувањето и описот на нешто. Ако не постои драматика – Лавот ќе ја измисли!

Маркетинг

Поврзано

Back to top button