За некои хороскопски знаци бракот е чекор во животот за кој треба добро и долго време да размислуваат.
Одредени личности бавно напредуваат во врската и се многу внимателни за секоја нова постапка, додека пак други без многу размислување влетуваат во брачните води. Еден од хороскопските знаци кои можеме да го ставиме во оваа група е гордиот Лав.
За Лавот е познато дека сака да биде во центарот на вниманието, па затоа, свадбата е најдоброто решение за тоа. Тие тогаш се наоѓаат како на некоја сцена каде што се трудат да блеснат во најуабвото светло. Тие лесно се внесуваат во подготовките за големиот ден, па секој детаљ им е умешно испланиран, со цел да не се засрамат пред другите.
Иако Лавовите уживаат да бидат во центарот на вниманието, сепак, тие никогаш не забораваат на својот партнер. Тие се грижливи и внимателни, при што и партнерот го поведуваат на сцената за да блескат заедно и да ја надополни нивната личност.
Така, бидејќи ова е голем ден за Лавовите, ти не размислуваат два пати да се впуштат во брачните води и да уживаат во вниманието кои другите им го подаруваат. Поканетите на нивната свадба ќе се чувствуваат како да се на некоја луксузна венчавка од соништата.