Овој хороскопски знак го интересира се’ што е допирливо. Не го интересираат филозофски разговори, туку повеќе е заинтересиран за она што се спрема за вечера. Заинтересиран е за сензуални уживање во животот, добар оброк, вкусен пијалак и добра масажа.
Познат е по својата тврдоглавост и еден од ретките начини на кои можете да го натерате да направи нешто е да му понудите една или повеќе од своите омилени работи. Станува збор за Бикот. Неговата цел се сведува на преживување, а откако ќе си го осигури тоа, тогаш целта му се сведува на удобност. Ниту еден друг знак нема поудобна и сигурна зона.
Ниту еден друг знак не ужива толку во својот комфорт како што го прави тоа Бикот. Давањето несакани совети не е добра идеја, а особено не кога е во прашање Бикот. Но, дури и ако некогаш побара совет за нешто, тој нема премногу да разговата за тоа. Знаејќи го ова, можете да се поштедите од многу фрустрации кога имате работа со Бикот.
Зошто тогаш остануваме со толку тврдоглава личност? Се работи за верноста. Бикот ќе биде секогаш тука за вас. Можеби нема да ви купува луксузни работи, но секогаш ќе ви биде рамо за плачење во најтешките моменти и да ви помогне кога на патот ќе останете со дупната гума на автомобилот.