Реклама
Вирално

Овој хамбургер во Маџари се продава како алва – муштериите задоволни, цената само 100 денари

Оваа сендвичара ги воодушеви сите

Реклама

Ммммм…

И додека овие денови новото покачување на цените на сендвичите во „Седмица“ предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, во една друга скопска сендвичара, ситуацијата е „малку“ поинаква.

Станува збор за сендвичарата „Хит“ во Маџари, во која хамбургер со плескавица се продава за, верувале или не – само 100 денари.

Маркетинг

Имено, во оваа позната скопска сендвичара хамургерот се продава речиси трипати поевтино од другите сендвичари.

Маркетинг
Приватна архива

Претпоставуваме дека сендвичот е вкусен, како што не убедуваат оние што го пробале, а од сликата може да се види и дека е голем.

И како што велат жителите на Маџари, сендвичот оди како алва, а пред сендвичарата секогаш често има и колона луѓе.

Принтскрин/ Гугл

И цената му е и повеќе од пристојна – само 100 денари, иако ние би им сугерирале за инает на другите да го продаваат за 99 денари.

Принтскрин/ Гугл

Значи да повториме, сендвичот е повеќе од двојно поевтин од другите сендвичи во најпознатите скопски сендвичари.

Приватна архива

И сите што прв пат го пробале се воодушевени и велат покрај тоа што е вкусен, тој е и доволно голем за да не најаде.

Па, не знаеме за вас, но ние веќе тргнавме кон Маџари…

Бонус видео

@sitel.televizija

🎙 Fast Food 7 – принцип за постојан квалитет | Билјана Зотовска Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030 ▶ Целиот разговор на YouTube каналот на Сител ТВ и Spotify 🔗 Линкот во био sitelpodcast siteltv

♬ original sound – Sitel TV – Sitel TV

Газдарицата на Седмица за хамбургерот од 250 денари

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button