Овој домашен евтин лек од две состојки го скратува траењето на настинката кај децата – здрави за два дена, научниците импресионирани од резултатите
Истражување покажуваат дека овој домашен лек ги намалува симптомите, го ограничува ширењето на инфекцијата и ја намалува потребата од лекови.

Научниците открија едноставен и исклучително евтин начин за скратување на траењето на настинката кај децата за два дена.
Станува збор за раствор што содржи само две состојки – вода и сол – кој лесно може да се подготви во домашни услови и се користи како капки за нос.
Advertisement
Настинката, која најчесто се манифестира како инфекција на горните дишни патишта, годишно ги погодува децата меѓу десет и дванаесет пати. Овие инфекции често го нарушуваат здравјето на децата и функционирањето на целото семејство, објаснува професорот Стив Канингем од Универзитетот во Единбург.
Иако лековите како парацетамол и ибупрофен можат да ги ублажат симптомите, не постои стандардна терапија што го забрзува оздравувањето.
Новата студија покажува дека едноставните хипертонични солени капки за нос можат да го скратат траењето на симптомите за два дена и да ја намалат веројатноста од пренесување на инфекцијата на други лица.
Во истражувањето учествувале 301 дете. Од нив, 150 деца користеле солени капки подготвени во домашни услови, додека останатите 151 примале вообичаена терапија за настинка. Родителите биле обучени како да го подготват и правилно да го применуваат хипертоничниот раствор. Капките се давале три пати дневно, по три капки во секоја ноздрва.
Резултатите покажале дека децата кои користеле солен раствор имале симптоми просечно шест дена, во споредба со осум дена кај децата кои биле на стандардна терапија.
Родителите кои ги користеле капките известиле и за значително помала потреба од лекови за ублажување на симптомите.

Дополнително, во домаќинствата каде што се користел солениот раствор, настинка пријавиле 46 проценти од членовите на семејството, наспроти 61 процент во семејствата каде што децата добивале стандардна терапија. Голем дел од родителите, односно 82 проценти, изјавиле дека солениот раствор им помогнал на нивните деца побрзо да оздрават, а 81 процент планираат да го користат и понатаму.
Професорот Канингем појаснува дека клетките на респираторниот тракт го користат хлоридот од растворот за да произведат хипохлорна киселина, која има клучна улога во одбраната од вируси. Дополнителниот хлорид ја подобрува способноста на клетките да го ограничат размножувањето на вирусите, што резултира со побрзо повлекување на симптомите.
Станува збор за прво истражување што го испитува ефектот на хипертоничниот солен раствор врз настинката кај деца. Според д-р Александар Мелер од Универзитетската детска болница во Цирих, оваа едноставна и финансиски достапна интервенција има потенцијал за широка примена и може значително да го намали економското и здравственото оптоварување што настинките ги создаваат во семејствата.
Истражувањето ќе биде претставено на Конгресот на Европското респираторно друштво во Виена.




