Овој богат господин бара жена преку оглас – може да му се јавите ако малку ве бива за танц, ако решавате крстословки и уште ова
На избраничката ѝ нуди годишна плата од околу 58.000 евра, плус бонуси, дом, храна, одмори и сите трошоци ќе и бидат покриени.

Британскиот аристократ сер Бенџамин Слејд, баронет од познато аристократско семејство, повторно ја отвори својата необична потрага по идна сопруга.
Сепак, неговиот список на критериуми за идната невеста предизвикуваат чудење и реакции во јавноста.
79-годишниот Слејд, кој поседува имот од 1.300 хектари, често објавува различни огласи, има профил и на Тиндер и се појавува во телевизиски емисии во обид да си најде жена барем две децении помлада од него која, како што вели, би му родила наследник.
Иако веќе има ќерка добиена преку успешна ИВФ постапка со американска поетеса, тој отворено истакнува дека сака машки наследник.
На избраничката ѝ нуди годишна плата од околу 58.000 евра, плус бонуси, дом, храна, одмори и сите трошоци ќе и бидат покриени. Но, и покрај тоа, би сакал и таа да има „малку сопствен капитал“, со други зборови да не е баш голтарка.
Women under 167 cm — rejected: British baronet launches a casting call for the “perfect wife”
In England, 79-year-old Baronet Benjamin Slade has announced an international search for a future wife. He needs a male heir, otherwise his ancient family line will die out and the… pic.twitter.com/2zYqwf1R9L
— NEXTA (@nexta_tv) November 28, 2025
Сепак, најмногу внимание привлече неговата листа на услови. Од идната сопруга бара:
да знае да води два замока и огромен имот,
да е способна да роди два сина (три би било идеално, вели тој),
да знае да танцува (уште пдообро ако е добра танчерка),
пожелно е да има дозвола за управување хеликоптер,
да има дозвола за огнено оружје,
да е образована во областа на право или сметководство (иако не е задолжително),
да знае да игра бриџ и бекеамон,
да решава крстословки,
да е физички активна и да знае да плива,
да не користи дрога, да не пие алкохол,
да биде висока најмалку 168 сантиметри.
Дополнително, таа мора да живее со него најмалку седум години за да може да ѝ ја префрли имотната оставина без данок.

Жени кои не доаѓаат предвид
Слејд има и необични исклучувања: не сака жена родена во знакот Скорпија, жена која чита Гардијан (The Guardian), ниту жена од држави чие име почнува на буквата „И“ или чии знамиња содржат зелена боја. Не сака ни жена која живее во земја каде што зиме „не се носат капути“.
Бенџамин е седмиот баронет на Менсел Хаус, а неговото семејство го поседува историскиот имот уште од 1772 година. Бил оженет со Полин Мајбург, но се развеле во 1991 година, наводно затоа што тој не можел да се справи со нејзините 17 мачки.
Иако има ќерка, со неа речиси и да нема контакт. Неговата поранешна партнерка, Сахара Сандеј, изјавила дека е неверојатно што „и по сè што се случило, тој сè уште зборува дека сака бебиња“.
Поради финансиски потешкотии, Слејд моментално води преговори да го продаде својот голем имот на луксузна хотелска групација.
Но, и покрај годините, скандалите и долгата потрага по за него идеална сопруга, сер Бенџамин не се откажува. Како што самиот изјави:
„Ако имате голема куќа, ви треба жена која ќе ја води.“



