Жените родени во хороскопскиот знак Овен толку страсно влегуваат во врска, при што забораваат на ризиците кои им претстојат.
Тие толку се фокусираат на врските, при што се разочаруваат кога нема сите работи да излезат онака како што замислиле. Едноставно, Овните им се препуштаат на „пеперутките во нивниот стомак“. Жените родени во овој хороскопски знак многу се трудат околу нивниот партнер, а тоа понекогаш може да заврши еднострано, односно, тие да вложуваат, а нивниот партнер да не покажува некои знаци на внимание и љубов. За среќа, Овните брзо го забележуваат ова и тогаш самите се откажуваат од врската.
Машките овни во љубовта се како во бизнисот. Тие вложуваат сè во сè што сакаат, но колку долго ќе го сакаат – тоа зависи од вас. Нивната решеност не им дозволува да сопрат додека не ја завршат задачата, но штом ја завршат, нивната импулсивна мотивираност ги тера да започнат нова.