Реклама
MAMAКафе муабет

Овие знаци не се многу очигледни, но покажуваат дека НЕ сте среќни во бракот – проверете во колку ќе се препознаете

Реклама

Речиси секоја жена порано или подоцна во животот сака да се омажи. Но, без разлика дали сте мажени или не, треба да знаете дека бракот не значи и нужна среќа. Некои жени јавно признаваат дека се несреќно мажени, но некои не се ни спремни да го признаат тоа на своите блиски, ниту пак на себе. Ќе се препознаете ли и вие во некои од овие знаци?

ФОТО: Shutterstock

Малку зборувате

Кога жената ќе ја намали комуникацијата со сопругот или ќе ја сведе на минимум, тоа дефинитивно е знак дека нешто ја мачи.

Брзо избувнувате

Несреќните жени секогаш се на работ на своите нерви, при што се нервираат и за најмала ситница.

Маркетинг

Постојано сте уморни

Едно истражување покажало дека жените во несреќни бракови имаат пониско ниво на хормонот кортизол, што им предизвикува хроничен умор.

Одбивате секс

Жената која е несреќна во бракот често ги избегнува допирите од сопругот, особено под чаршафите.

Маркетинг

Имате тајни

Во бракот нема место за тајните, а штом се појават тие, тоа значи дека некој е незадоволен.

Губите доверба

Бракот се темели на меѓусебна доверба, а недостатокот на истата може да значи дека само сте тргнале во погрешна насока…

Не обрнувате внимание

Кога жената ќе го изгуби интересот за својот сопруг, тогаш не може да биде среќна со него.

Размислувате само за себе

Жените кои се несреќни во брак често знаат да станат себични. Личните интереси им стануваат се’ поважни, а за желбите за партнерот не се ни грижат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button