Наши ѕвезди

Овие тажни моменти ќе останат да сведочат за тоа каков навистина беше Зоки и зошто на сите ни недостига

Нека му е лесна земјата и вечен му спомен

Advertisement

На Инстаграм профилот што го користеше познатиот естраден новинар многумина се уште пишуваат пораки и се збогуваат од него

Новинарот Зоран Василевски познат како Зоки Фаци почна на 1. ноември по долга и тешка борба со опаката болест.

Advertisement

Зоки до последен ден храбро се бореше со тешката болест која му беше дијагностициран пред неколку години, а веста за неговата смрт ги потресе неговите најблиски, но и целата наша естрада која со денови се збогуваше од него.

Инстаграм/ Зоки Фаци

На социјалните мрежи се уште се споделуваат фотографии со него, а на неговиот Инстаграм профил неговите најблиски пријатели и колеги, но и многумина што воопшто и не го познавале, пишуваат емотивни пораки со кои се збогуваат од познатиот новинар.

Advertisement

Инстаграм/ Зоки Фаци

Тие сите на овој начин се збогуваа од човекот кој секојдневно ги забавуваше и со своите интересни објави на социјалните мрежи, па неговите следбениците се надеваат дека неговите фотографии никогаш нема да бидат избришани, туку ќе останат на ова место каде ќе може секој од нив да наврати и да се потсети на него.

Инстаграм/ Зоки Фаци

На овој начин харизмата на Зоки, неговата заразна насмевка и природна добрина ќе остане засекогаш присутна во светот на интернетот, местото каде што тој навистина знаеше да го живее животот.

Инстаграм/ Зоки Фаци

И кога му беше најтешко, тој не забораваше на своите бројни фанови, па така и во последните мигови од животот ќе споделеше по нешто. На неговата последна фотографија тој е со својот внук за кого вели „Да не постоеше, ќе требаше да го измислам“, а последната снимка беше кога се огласи од количка и во која му се заблагодари на својот колега и пријател Стефан Лазаров кој не го заборави кога ја доби наградата за најгледан поткаст од Бекстејџ.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Но покрај овие негови објави постојат уште многу кои сведочат за тоа каков човек беше Зоки и зошто беше еден и единствен.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Зоки како мал, отсекогаш ги сакал животните

На некои од овие фотографии од кои се уште зрачи добродушноста на нашиот најпознат естраден новинар, но и на кои е со неговата препознатлива насмевка, потсетете се во продолжение и не заборавајте понекогаш да го посетите неговиот профил, но и да ги погледнете емисиите што ги снимаше во „Без лимит“ преку кои ќе остане засекогаш да живее, онака како што само тој знаеше и умееше…

Инстаграм/ Зоки Фаци

Инстаграм/ Зоки Фаци

Инстаграм/ Зоки Фаци

Инстаграм/ Зоки Фаци

Инстаграм/ Зоки Фаци

Инстаграм/ Зоки Фаци

Инстаграм/ Зоки Фаци

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button