Реклама
MAMAДом и семејство

Овие „тажни“ цвеќиња не ги дарувајте за 8 Март – ќе испратите погрешна порака

Симболиката на цветот зависи и од неговиот вид и боја, бидејќи секој цвет има свое специфично значење. Затоа, внимавајте каков цвет подарувате.

Реклама

Секој цвет има свое значење. Затоа, кога подарувате цвеќе, важно е да внимавате што сакате да му пренесете на оној кому му го подарувате.

Цвеќињата можеме да ги поделиме според бојата, што дополнително ја истакнува симболиката што ја носи секоја боја. Општо земено, без разлика на видот на цветот, виолетовата боја симболизира нежност, сината-верност, имагинација и соништата, додека портокаловата претставува гордост и животна енергија.

Белата боја симболизира невиност и чесност, црвената љубов, страст, живот и убавина, зелената разбирање и сочувство, додека жолтата означува љубомора, но и радост.

Маркетинг

Симболиката на цветот зависи и од неговиот вид и боја, бидејќи секој цвет има свое специфично значење.

Што да подарите за 8 Март?

За Денот на жената, многу мажи избираат цвеќе за подарок. Ви помагаме да го изберете најсоодветниот цвет според неговото значење.

Маркетинг

Рози

Розите се најчесто подарувани цветови, а нивното значење варира според бојата.

Црвени рози – страст и љубов, но и благодарност

Бели рози – чистота, искреност и невиност

Жолти рози – весели чувства, но и љубомора и неверство според некои верувања

Портокалови рози – копнеж

Темновиолетови рози – ексцентричност и желба за посебност

Рози без боцки – љубов на прв поглед

Орхидеја

Орхидејата симболизира желба за успех, посебност, љубов, рафинирана убавина, романса и интимност. Често се подарува на болни за брзо оздравување, но и на трудници, како и на оние на кои им посакувате успешна кариера.

Нарцис

Нарцисот може да означува самобендисаност, но и раѓање, будење и нов почеток, бидејќи прв расцутува напролет. Жолтиот нарцис понекогаш се поврзува со презир.

Лилјан

Симболизира бескрајна убавина, среќа, чистота, девственост, бесмртност и спас. Често се користи на свадби.

Бел лилјан – невиност

Жолт лилјан – неискреност

Виолетов лилјан – враќање на среќата

Магнолија

Означува достоинство и префинетост.

Бела магнолија – невиност

Розова магнолија – срамежливост

Мимоза

Симболизира сигурност, доверливост и љубезност. Нејзините златножолти цветови асоцираат на раскош и моќ.

Тулипан

Тулипаните означуваат гордост и слава.

Црвен тулипан – љубов

Жолт тулипан – безнадежна љубов

Розов тулипан – нежност

Виолетов тулипан – кралско достоинство

Бел тулипан – простување

Ирис

Симбол на достоинство, инспирација, слава и храброст.

Син ирис – соништа и среќа

Жолт ирис – страст

Сончоглед

Означува сила, гордост, заедништво и восхит. Ако го подарите на саканата личност, тоа значи дека таа е центар на вашиот свет.

Љубичица

Означува верност и предаденост, додека белата љубичица симболизира скромност.

Кокиче

Симболизира раѓање на животот, трпеливост и практичност.

Циклама

Означува искреност и помирување, но може да симболизира и срамежливост.

Висибаба (Момина солза)

Симболизира надеж, утеха и просперитет. Подарете го овој цвет кога сакате некого да охрабрите да не ја губи надежта.

Зумбул

Симболизира верност и непоколебливост.

Син зумбул – континуитет

Хортензија

Означува срдечност, најчесто се подарува при помирување или како израз на сочувство.

Јасмин

Симболизира посветеност и лојалност, додека жолтиот јасмин означува нежност и елеганција.

Гладиола

Означува природна грациозност, но и брзоплетост или сила на карактерот.

Божур

Симбол на чест, богатство, среќен брак и просперитет.

Бамбус

Симболизира предаденост и стабилност во бракот.

Цвеќе за тажни пригоди – немојте да го дарувате за 8 Март

Цвеќиња со тажна симболика се:

Бегонија – црни мисли

Лаванда – недоверба

Далија – непостојаност

Крин – често се подарува во тажни моменти

Кризантема – симбол на жалост, но и љубов и вистина

Со правилен избор на цвеќе, ќе ја испратите точната порака што сакате да ја пренесете!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button