MAMAКариера

Овие шест познати жени утре ќе бидат лансирани во вселената – а местото „преку врска“ го доби вереницата на милијардерот

Мисијата ќе биде суборбитална и ќе ги одведе до т.н. Карманова линија – границата меѓу атмосферата и вселената на околу 100 километри над Земјата. По краткиот престој таму, капсулата ќе се врати назад.

Advertisement

Во следната мисија на „Блу Ориџин“, во капсулата нема да се најдат астронаути или инженери – туку шест жени, меѓу кои се вереницата на Џеф Безос, новинарката и филантропка Лорен Санчез, поп-ѕвездата Кејти Пери и телевизиската водителка Гејл Кинг.

Заедно со нив ќе полетаат и активистката Аманда Нгујен, продуцентката Керијан Флин и поранешната НАСА-научничка и претприемачка Ајша Бо.

Advertisement

Мисијата ќе биде суборбитална и ќе ги одведе до т.н. Карманова линија – границата меѓу атмосферата и вселената на околу 100 километри над Земјата. По краткиот престој таму, капсулата ќе се врати назад.

Иако настанот има и научна димензија, медиумите и јавноста најмногу се фокусираа на симболиката на мисијата – оснажување на жените и славење на женската солидарност, но и на гламурот што го придружува целиот процес.

За магазинот „Elle“, членовките на екипажот позираа во елегантни црни костуми, а шминката и стајлингот добија речиси исто толку простор колку и самиот лет.

Advertisement
принтскрин инстаграм

„Кој не би сакал да изгледа гламурозно пред полетување?“, изјави Лорен Санчез низ шега, а Кејти Пери додаде:

„Вселената конечно ќе стане гламурозна. Ќе објасниме и што е ‘ass’ во зборот ‘астронаут’.“

Повторен предизвик за Мaск

Летот доаѓа во време кога Џеф Безос се обидува да ја врати трката за доминација во вселенската индустрија, во која моментално води Илон Маск со неговата компанија „SpaceX“. Додека ракетните системи „Фалкон 9“ и „Фалкон Хеви“ се лансирани дури 469 пати, „Њу Шепард“ на „Блу Ориџин“ има само 11 мисии со екипаж.

Сепак, преку оваа мисија, компанијата сака да испрати јасна порака – дека сериозно гледа кон иднината на комерцијалните летови во вселената.

Новиот голем ракетен систем „Њу Глен“ треба да овозможи носење на поголеми товари во орбитата, што е еден чекор поблиску до сериозно учество во глобалната трка.

Досега, една од најпознатите личности што летала со „Блу Ориџин“ беше легендарниот актер Вилијам Шатнер, кој во 2022 година, на 90-годишна возраст, стана најстарата личност што отпатувала во вселената.

Но, неговата изјава по враќањето беше неочекувана – „Вселената не ме воодушеви, туку длабоко ме растажи.“

„Кога погледнав кон вселената, видов само смрт. Црнило кое не можеш ни да го замислиш. Тоа беше едно од најинтензивните чувства на тага што сум ги доживеал“, призна тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button