Зимата може да има огромно влијание врз промените на вашата кожа. Многу е важно соодветно да се грижите за вашата кожа во текот на студените денови. Доколку не сакате пребрзо стареење, флеки, тогаш постојат неколку задолжителни чекори кои треба да станат ваше секојдневие.
Водете се со овие пет производи коишто можете да ги најдете по поволни цени во dm- дрогериите.
ГЕЛ ЗА МИЕЊЕ НА ЛИЦЕ
Многу е важно измивање на лицето пред да легнете да спеите. Гелот за миење на лице е најдобриот начин да го направите тоа. И кога ви се спие и сте многу уморни овој гел ќе ве натера да на го прескокнете овој чекор затоа што има пријатен и релаксирачки мирис кој ќе ви помогне да се опуштите пред да влезете во длабок и пријатен сон. Гелот можете да го употребите и во утринските часови кога го миете лицето.
ХИДАРТАНТЕН ЛОСИОН ЗА ЛИЦЕ
По измивањето на лицето лосионот е важна состојка која треба да ја нанесете на вашата кожа. Овој лосион хидрира во текот на ноќта и и дава живот на кожата.
НОЌНА КРЕМА
Кога сме кај ноќта, мораме да ве потсетиме на важноста на ноќната крема. Како што е важна дневната крема исто толку е важна и употребата на ноќната крема. Ја препорачуваме Q10 ноќната крема на Balea со посебни ефекти за интензивно спречување на стареењето на кожа. По една недела употреба на овој проивод резултатите се видливи.
КРЕМА ЗА ЛИЦЕ
Дневната крема е најчесто употребуваниот производ. Без да намачкате крема не излегувајте од дома! Ова посебно важи во зимскиот перидо кога студениот воздуг директно влијае на кожата.
ПИЛИНГ
Неговото височество пилингот. Обидете се еднаш неделно да имате пракса за да направите пилинг на лицето пред да ги нанесете сите други препарати за нега. Пилингот ја ослободува кожата од мртвите клетки и и дава посебна свежина.