Појадокот е темелот на здравиот и енергичен ден, тој го активира метаболизмот, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го подготвува телото за целодневни активности.
Но, ако во утринското мени ги вклучите вистинските намирници, не само што ќе имате повеќе енергија, туку и ќе започнете директна „офанзива“ врз тврдоглавото сало на стомакот, кое најтешко се отстранува.
Advertisement
Најновите истражувања откриваат дека протеинскиот појадок не само што ја зголемува потрошувачката на калории, туку и го намалува чувството на глад во текот на целиот ден.
Клучните „оружја“ во оваа борба се грчкиот јогурт и јајцата – две намирници кои нутриционистите ги нарекуваат природни согорувачи на маснотии.
Како и зашто делуваат?
Грчкиот јогурт е богат со протеини, но содржи малку масти и шеќери. Протеините имаат т.н. термички ефект, односно, телото троши повеќе енергија за нивно варење во споредба со мастите или јаглехидратите, што значи дека автоматски согорувате повеќе калории.

Дополнително, протеините од јогуртот помагаат во зачувување на мускулната маса за време на слабеењето, а повеќе мускули значи побрз метаболизам.
Научните податоци покажуваат дека луѓето кои го вклучуваат грчкиот јогурт во својата утринска рутина внесуваат до 100 калории помалку во текот на денот и полесно ги губат наслагите околу половината.
Јајцата пак, се вистинска нутритивна бомба, освен што се богати со протеини, тие обезбедуваат и биотин (витамин B7), кој е клучен за метаболизмот на мастите и шеќерите.
Со редовна консумација на јајца, телото е во состојба поефикасно да ги користи складираните масти како извор на енергија.
Присуството на здрави масти и аминокиселини дополнително обезбедува долготрајна ситост, што значи дека ќе избегнете ненадејни напади на глад и прејадување во текот на денот.
Комбинацијата на овие две намирници во утринското мени, на пример, варени јајца со чаша грчки јогурт и свежо овошје или малку интегрален леб не само што го забрзува согорувањето на маснотиите, туку и го одржува нивото на енергија стабилно со часови.
Дополнителен плус е што ваквиот појадок го намалува нивото на хормонот грелин (хормонот на гладот) и го зголемува нивото на пептид YY – хормон кој испраќа сигнал до мозокот дека сте сити. Овој хормонален баланс е клучен за спречување на прејадување и за контролирање на апетитот, особено кај луѓе кои сакаат да ја намалат маснотијата во пределот на стомакот.
Нутриционистите советуваат: држете се до овој протеински појадок една недела и ќе забележите разлика во обемот на половината, но и во нивото на енергија.
Со тек на време, оваа здрава навика може да стане ваш најсилен сојузник во одржувањето на витка линија и силен, активен метаболизам.