Наши ѕвезди
COVER STORY

Овие млади дечки од нашиот Охрид растураат, гори интернетот – ајде сите да им дадеме поддршка

Имаме нов летен хит, ајде да го развеселиме нашиот „ѕид“ така што ќе го споделиме спотот

Advertisement

„Браво дечки, супер песна, многу добар спот. Дефинитивно летен хит, ќе се слуша со години“, пишуваат за новата песна на оваа млада екипа од Охрид корисниците на социјалните мрежи.

Младите музичари кои творат под името „Здраве мјузик“ преставуваат вистинско освежување на нашата сцена.

Advertisement

Станува збор за браќата Бојан и Дарко Здравески од кои едниот свири на хармоника и пее, а другиот свири на кларинет, како и вокалот Благојче Тодоровски, препознатлив по народна музика.

Принтскрин/ Јутуб

Но овој пат оваа млада екипа од Охрид во својата „кујна“ подготвија нешто ново, малку поинакво од се досега.

Advertisement

Имено, овие музичари веќе некое време настапуваат и низ клубови, па решија да запловат и во нов музички жанр.

Принтскрин/ Јутуб

И ова беше полн погодок, а нивната публика е воодушевена што може да се види и од првичните реакции по објавување на спотот.

Тие песната и спотот „Ова лето“ го снимаа на преубави локации во Охрид, а за видеото и сценариото виновни се Милош Смит и Браќата Арџиќ, кои пак, се погрижија и за музиката и текстот на песната.

Принтскрин/ Јутуб

Целито спот е снимен во современ ритам и веднаш откако беше пуштен предизвика лавина од позитивни коментари.

Принтскрин/ Јутуб

Па доколку се уште не сте го погледнале нивниот слот, ви препорачуваме да го направите тоа, но и ве замолуваме истиот да го споделите на социјалните мрежи како сите заедно би ги поддржале овие наши млади и талентирани уметници.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button