Овие Македонци НЕ успеаја во „Ѕвездите на Гранд“, но растурија во шоуто „Никогаш не е доцна“ (видео)
За нивните настапи и денес се зборува

Овие двајца пејачи од Македонија станаа ѕвезди благодарение на учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“.
Но денес малкумина се сеќаваат дека тие претходно се натпреварувале и во „Ѕвездите на Гранд“, но неколку години подоцна во шоуто за ветерани постигнале многу позначаен успех.
Еден од нив е Бобан Цаневски, пејачот кој пред десетина години се пријави во „Ѕвездите на Гранд“, но не дотурка многу далеку.

Принтскрин/ Гранд
Неколку години подоцна Бобан можевме да го гледаме и во „Никогаш не е доцна“ кога успеа да стигне до самото финале.

Принтскрин/ Јутуб, Гранд
Покрај Бобан, со слична приказна е и пејачот Павле Витанов кој во 2014 година најпрво се пријави во „Ѕвездите на Гранд“.
Но и тој тогаш не постигна некој поголем резултат во ова шоу, но затоа пак во „Никогаш не е доцна“ во кое се пријави претходната сезона, со своите маестрални изведби никого не остави рамнодушен.

Фејсбук/ Павле Витанов
Тој тогаш се претстави со традиционалната македонска песна „Ако згрешам нека изгорам“ и веќе по првото појавување успеа да ги освои срцата на публиката и гледачите ширум регионот, но и на стручното жири кои не го криеја воодушевувањето од неговиот талент.
„Музиката е емоција“, изјави Павле тогаш, а потоа и со секој свој настап тоа и го докажа на грандиозната сцена.
Како сето тоа изгледаше, потсетете се во продолжение:



