Реклама
Рецепти

Дали знаевте дека овие кујнски предмети имаат РОК НА ТРАЕЊЕ?

Реклама

Како и повеќето работи во вашиот дом, така и овие кујнски предмети имаат рок на траење. Еве кои не би требало да ги користите откако нивниот рок ќе помине, со цел да ја зачувате хигиената во вашиот дом.

ФОТО: Freepik

Дрвени лажици

Менувајте и на секои 3 години или кога ќе забележите дека се оштетени. Не заборавајте дека дрвото е материјал кој впива мрсотија и влага, но и бактерии.

Гумени лажички

Менувајте ги на секои 2 години или кога се видно изгребени или ја промениле бојата. Кога ќе забележите талог кој не може да се измие – време е да ги замените.

Маркетинг

Ножеви

Менувајте ги на секои 2 години или ако се скршени, ‘рѓосани или не можете повеќе да ги острите. Ножевите се користат често и затоа лесно се трошат.

Пластични даски за сечење

Менувајте ги секоја година или откако трагите од ножот ќе станат видливи. Најдобро е да имате различни даски за овошје и зеленчук и месо, за да го намалите ризикот од опасни бактерии.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button