Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Овие хороскопски знаци постојано ги трпат критиките од своите партнери…

Реклама

Некои хороскопски знаци почесто се на мета на осуда од своите партнери. Бројни критики го тестираат нивното трпение, а ретко кој може да издржи во врска со личност која постојано бара „влакно во јајцето“. Најцврстите врски се темелат на искрено мислење во сите сегменти на заедничкиот живот, но кога еден од партнерите е изложен на критики од страна на саканата личност, врската е осудена на пропаст. Овие хороскопски знаци постојано се соочуваат со замерките на нивните партнери.

ФОТО: pexels.com

Риби

Се работи за многу чувствителни и љубезни личности кои мислат дека критиките им се упатени со најдобри намери. Нивниот партнер има потреба да биде во супериорна положба, што понекогаш тоа ги повредува Рибите.

Близнаци

Нив ги красат многу доблести, но секогаш сакаат повеќе и подобро. Некогаш тешко остануваат доследни и фокусирани и имаат проблем при донесување важни одлуки. Близнаците мислат дека им е потребен партнер кој ќе ги критикува, затоа што веруваат дека тоа е во нивен интерес. Кога капката ќе ја прелие чашата, Близнаците агресивното однесување на своите партнери го користат како причина за раскинување.

Маркетинг

Рак

Нивните партнери на почеокот не ја откриваат темната страна. Како што одминува времето, овие личности се соочуваат со критики кои понекогаш се претвораат во сериозни осудувања…

Вага

Вагите ги краси самоконтрола и многу се воздржуваат, додека партнерот ги критикува. Кога не се расположени за слушање мислење од нивниот партнер, тие ги игнорираат замерките, се преправаат дека го слушаат партнерот, а мислите им се којзнае каде…

Маркетинг

Јарец

Постојат моменти кога Јарецот се сомнева во себе и во своите способности. Постојано сака да напредува, па верува дека мислењето на партнерот му помага да ги постигне своите цели. Јарците се навикнати на строги шефови, па и од партнерот го очекуваат истото.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button