Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Обидете се да ги разберете подлабоко, зашто овие хороскопски знаци се најсклони кон депресија

Реклама

Депресијата може да се појави кај секого, а кај сите причините се различни. Но, доколку верувате во астрологијата, хороскопскиот знак ви открива дали сте повеќе склони кон депресија или не. Секако дека играат улога и некои лични особини, но вреди да погледнете дали ќе се пронајдете помеѓу овие хороскопски знаци.

ФОТО: aconsciousrethink.com

Риби

Рибите се многу чувствителни и затоа тие имаат најголеми шанси да страдат од депресија. Тие најчесто се депресивни поради тоа што не можат да го контролираат својот живот, но нивна одлика е што одбираат да страдат во тишина. За да ја избегнат депресијата, Рибите би требало да престанат да се жртвуваат и да не се обидуваат да ги задоволат сите околу нив.

Рак

Нивната депресија често е резултат на тоа што премногу се вклучуваат во животот на другите и тоа што не можат да ја контролираат својата тага. На Раковите им е навистина тешко да се отворат пред другите и да ги кажат своите потреби, па и тие одбираат да страдаат во тишина. Ова се разбира, резултира со депресија. Лекот за нивната тага е да се опкружат со луѓе и семејство кои ќе ги поддржуваат и кои ќе ги разберат нивните чувства.

Маркетинг

Близнаци

Близнаците се интелигентни, динамични и разговорливи, па стануваат депресивни ако се најдат во здодевна рутина, или пак ако се во позиција кога не можат слободно да зборуваат и да ги кажат своите идеи. Во поголемиот дел од времето, нивната бујна фантазија им помага да не се најдат во рутина, но дури и најкреативните умови може да се соочат со ова. Додека некои знаци преферираат да страдаат во тишина, Близнаците ја проектираат својата депресија на надворешниот свет или се справуваат со неа правејќи разни работи кои им го одвлекуваат вниманието.

Бик

Маркетинг

Биковите најсигурно и најубаво се чувствуваат кога се дома, опкружени со своите сакани. Но, дури и ако се чувствуваат многу тажно, тие нема да ви се исповедаат, туку за тоа ќе знаат мал број на луѓе. Готвењето или кој било вид ароматерапија може многу да им го подобри расположението кога се во ваква ситуација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button