Овие хороскопски знаци непрекинато фрлаат пари на глупости. За нив финансиското планирање е навика на досадните луѓе, па они се’ прават спонтано. Често влегуваат во минус, се задолжуваат и трошат повеќе пари отколку што заработуваат. Личностите родени во овие четири хороскопски знаци претеруваат во трошењето пари.

Риби
Рибите непрекинато го надминуваат својот буџет затоа што сакаат да им даваат на другите. Секогаш помагаат, па дури и кога немаат доволно за себе. Тие едноставно не размислуваат за парите и ги трошат целосно ирационално.
Стрелец
Стрелците се претерано оптимистични, дури и надвор од границите. Планираат и остваруваат работи за кои немаат пари, но секогаш некако се снаоѓаат.
Близнаци
Близнаците се најнеодговорниот хороскопски знак. Нив е невозможно да ги контролирате во кој било сегмент во животот, а посебно во финансиите. Живеат според изреката ЕДНАШ СЕ ЖИВЕЕ.
Овен
И Овните честопати го поминуваат својот буџет, затоа што шопингот им е начин на утеха. Во мислите ги имаат своите трошоци, но реалноста е сепак поинаква.