Дали кога ветувате нешто си стоите на својот збор? Или пак само се обидувате да им угодувате на другите за да престанат да ви досадуваат? Ако се препознавте во втората група, можно е за тоа да е виновен вашиот хороскопски знак.
Близнаци
Кога Близнаците ќе ветат нешто, тие намеруваат тоа и да го исполнат. Меѓутоа, тие постојано ветуваат повеќе отколку што можат да остварат, па повеќето обврски и ги забораваат.
Водолија
Водолиите може да ветат нешто само за да го добијат она што го сакаат. Тие ги користат ветувањата како валута и немаат намера да го одржат својот збор. Ако пак се под притисок да го остварат своето ветување, голема е веројатноста дека нема да го направат тоа.
Вага
Вагите имаат потреба да ги задоволуваат и да ги усреќат другите. Личностите родени во овој хороскопски знак сакаат некој друг да ги доживее како личности на кои може да им се верува, па даваат ветувања кои најверојатно нема да ги исполнат.
Риби
Рибите се многу љубезни и сакаат да им помогнат на сите, а проблемот е токму во тоа што тешко кажуваат НЕ. Тие прифаќаат се’ и даваат ветувања, но кога ќе дојде до нивно остварување, Рибите се преоптеретени за се’ да исполнат.
Стрелец
Кај Стрелците проблем е тоа што често се невнимателни во своите ветувања и може да ги заборават веднаш штом ги дадат. Стрелците не се злонамерни, туку малку повеќе се свртени кон себе. Не може да се каже дека не се великодушни или чесни, туку многу повеќе се фокусирани на своите потреби, отколку на туѓите.
Овен
Кога Овенот нешто ќе вети, тој е сигурен дека тоа ќе може и да го оствари. Но, штом се појават нови обврски, Овните ги занемаруваат претходните. Овните ќе прифатат нешто не размислувајќи за остварливоста на тоа нешто, а со оглед на тоа дека добрата организација не е една од нивнте предности, лесно се губат во обврските, па не стигаат да направат се’ што ветиле.