За некои хороскопски знаци, Денот на вљубените е најубавиот празник во годината. Тие очекуваат овој ден да биде романтичен, исполнет со љубов, внимание и многу подароци. Но, некои знаци со задоволство би лежеле во креветот, гледајќи во таванот, наместо да се оптеретуваат со секакви „ритуали“. Еве кои хороскопски знаци го мразат денот на вљубените со цело свое срце.
Јарец
Јарците се одговорни, одлучни и дисциплинирани, но исто така знаат да бидат песимисти кои не сакаат другите да им кажуваат што да прават. Нивната практичност им помага да направат совршен план за трошење и штедење, така што не сакаат да фрлаат пари за непотребни работи. Затоа, не треба некој да им каже дека токму на одреден ден во годината треба да купуваат подароци за својот партнер…
Водолија
Водолиите се интелигентни, дружељубиви и креативни, а исто така може да бидат и малку емотивни. Нивниот уметнички ум понекогаш прави да изгледаат неодговорно, така што целосно забораваат дека постои Денот на вљубените. Но, тоа не е нивна вина. Ако навистина се инспирирани да бидат романтични и решат да го прослават овој ден со својот партнер, ќе организираат нешто спектакуларно. Но, ако чувствуваат дека некој ги притиска да го прават тоа, најверојатно ќе ги одложат сите работи, ќе заборават или едноставно ќе кажат дека не се заинтересирани.
Девица
Девиците се организирани, одговорни и реални, а празниците кои вклучуваат цвеќе, чоколади и каде се јаде претерано скапи вечари, им изгледаат глупаво. Подобро би потрошиле пари на нешто што би траело, на пример вложување во технологија, отколку да потрошат цела плата на украси од цвеќе.
Скорпија
Скорпиите се чувствителни, можат да бидат љубоморни, опсесивни и параноични, а идејата за Денот на вљубените е премногу за нив. Притисокот да се пронајде совршен подарок, порака со длабоко значење и организирање на незаборавен љубовен состанок, може да ги фрли Скорпиите во лудило, па тие со задоволство би го прескокнале овој процес. Исто така Скорпиите сметаат дека љубовта не се покажува само еден ден во годината.