Овој период до 20.06. на некои хороскопски знаци ќе им пружи исцелување и нова радост, голема енергија која ќе им донесе добра комуникација и креативност. Еве кои три хороскопски знаци може да очекуваат добри случувања овој период.
ФОТО: goodfon.com
Близнаци – време е за ваше враќање
Родендените секогаш се прилика за нов почеток, затоа што секоја година отприлика во исто време, Сонцето се враќа ан исто место во кое претстојувало на денот кога сте се родиле. Ако барате љубов, ретроградната Венера која поминува низ вашиот знак ви носи прилика да започнете нова врска. Оние кои се во врска треба да разговараат со својот партер за сите можни решенија и планови за заедничка иднина.
Вага – голема мотивација и исполнување желби
Време е да почнете да верувате во себе. Вашата владеачка планета Венера ќе ви донесе остварување на желбите во блиска иднина. Ова е одличен период за промена и за унапредување на работното место.
Водолија – во вас се буди нешто волшебно
Вашата среќа секогаш треба да ви биде приоритет, а посебно се однесува на периодот кога владеат Близнаците. Ако сте креативна личност, ве очекува одлична инспирација која ќе ви донесе победа на полето на кариерата. Нептун ги буди вашите заспиени таленти, а можно е подобрување и во секторот на финансиите. Многумина ќе почнат да се занимаваат и со нешто уникатно и непланирано. Ве очекува успех на многу полиња.