Реклама
MAMAДом и семејство

Овие ГРЕШКИ покажуваат дека имате ЛОШ ВКУС за ентериер – ако ги поправите станот ќе ви изгледа ЛУКСУЗНО

Реклама

За вкусовите не се дискутира, посебно ако се работи за личен избор, како на пример како да ви изгледа домот. Но, за се постојат одредени правила, трендови, финти коишто ви  помагаат да ви изгледаат нештата подобри. Така и за ентериерот постојат техники од познавачите кои со малку пари може да ви помогнат да имате дом од соништата.

Архитектите зборуваат за тоа дека постојат три правила кои се фатални грешки при уредувањето. Ако се направат овие три работо тогаш го уништувате максимално просторот,  во спротивно може да ви делува многу помодерно и луксизно.

Маркетинг

Еве ги нашите совети за оние кои се во фаза на уредување. Бидете посебно внимателни кај следните три точки:

1. Завеса што не го допира подот

Освен ако не се работи за завеса од кујнски прозорец, завесите секогаш треба да одат до подот. Оние кои завршуваат веднаш под прозорецот или – уште полошо – кои се задржуваат неколку сантиметри над подот, прават собата да изгледа евтино.

Маркетинг

Прекратките завеси предизвикуваат и визуелен прекин на ѕидот, правејќи таванот да изгледа понизок, а просторијата помала отколку што навистина е.

 

2. Тепихот е премногу мал

Теписите можат да бидат вистинска инвестиција, па разбираме зошто некои луѓе избираат помали верзии за да заштедат пари. Сепак, тепихот кој е премал за просторот може да биде полош од никаков тепих. Тоа ја прави собата да изгледа непријатно и помала отколку што навистина е.

3. Лажни материјали

Секоја имитација на материјали како лажен мермер, дрво или стакло може да биде голема грешка во дизајнот на ентериерот. Сите можеме да препознаеме кога нешто не е во ред.

Во продолжение ве иснпирираме со неколку идеи за тоа како може да изгледа вашиот дом.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button