Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Овие 3 хороскопски знаци никогаш нема да имаат пари, зашто најчесто трошат за глупости

Реклама

Сигурно познавате некоја личност во вашиот живот која повеќе троши отколку што заработува. Тука едноставно не постои финансиска организираност… Овие личности секогаш се без денар во паричникот, се’ плаќаат на рати и земаат кредити за работи кои речиси не им се потребни… Еве во кои хороскопски знаци се родени тие личности.

ФОТО: femalefirst.co.uk

Стрелец

Стрелците не се грижат за ништо. Ништо не планираат, спонтани авантуристи се и ѝ дозволуваат на ситуацијата да ги преземе работите во свои раце. Наместо да штедат пари, тие ги трошат на „истражување на светот“, па дури и ако тоа истражување значи откривање нови пијалаци во блиското кафуле…

Вага

На Вагите најважно им е на сите да им се допаднат, па дури и ако тоа значи трошење пари кои ги немаат. Многу се лесни при трошењето пари, но и мрзливи при составувањето финансиски план, што често ги доведува до проблеми. Нив не им е важно многу за тоа, туку на крајот на денот важно им е да бидат прифатени и сакани.

Маркетинг

Близнаци

Близнаците се многу екстровертни и дружељубиви личности кои најмногу пари трошат на луксузни и непотребни работи. Тие сакаат да остават впечаток дека се добри со финансиската состојба, дури и кога тоа не е случај, што на крајот на месецот ги доведува до минус на сметката и се заглавени со долгови.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button