Хороскоп

Овие 20 совети од монасите секој треба да ги знае и да ги применува – „Навикни го јазикот да вели прости ми, зашто…“

„Не мисли за себе дека нешто вредиш.“

Advertisement

Хиландар, српски манастир на Света Гора, основан пред повеќе од 800 години, е еден од четирите главни светогорски манастири. Библиотеката на Хиландар е основана во исто време кога и манастирот.

Во овој центар на духовноста се наоѓа една од најбогатите збирки на словенски ракописи.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Ова се некои од мудрите совети на монахот Милентиј, кои секој треба да ги прочита:

„Што и да почнеш да правиш, прави со трпение, па Бог ќе ти помогне во сè, без разлика што и да се случи.“

„Внимавај, не предавај се на тагата, не паѓај со духот.“

Advertisement

„Биди расположен во сè што правиш по Божја волја.“

„Не жали и не тажи поради лошите мисли што те напаѓаат, зашто Господ нема да те заборави, особено ако машки се бориш против тие мисли. Тоа ќе ти послужи и за духовен напредок, во кој ќе ти помогне и Божјата благодат.“

„И дење и ноќе сеќавај се на своите гревови и оплакувај ги.“

„Не мисли за себе дека нешто вредиш.“

принтскрин јутјуб

„Засакај ја смиреноста, таа ќе ти ги покрие сите гревови.“

„Биди понизен сите денови од својот живот.“

„Евтината храна троши повеќе пари.“

„Оној што е послаб од тебе во добри дела, сметај го за рамен на себе, а оној што е ист како тебе, сметај го за многу поголем од себе.“

„Не завидувај на оној што е подобар од тебе во добродетелта. Прекрасно би било ако сите луѓе ги сметаш за поголеми и подобри од себе. Тогаш и самиот Бог ќе биде со тебе.“

„За непријателот кој си заминува, изгради златен мост.“

„Не дружи се со горделив, туку со кроток и благ.“

принтскрин јутјуб

„Биди скромен во сè: во движењето, во говорот, во облеката, во седењето, станувањето, во собата, во сè, пред секого и во сешто.“

„Големите и богатите никогаш не се виновни.“

„Ако те фалат за твоите добри дела, не радувај се и не уживај во тоа. Криј ги добрите дела колку што можеш. Не дозволувај никој да ги разгласува, и труди се луѓето да не те фалат.“

„Ако некој те осуди за грев што не си го направил, не се лути, туку смири се – Бог ќе те награди за тоа.“

„Библиотеката е аптека за умот.“

„Навикни го јазикот да вели ‘прости ми’, па ќе се всели во тебе кроткост и смиреност.“

„Ако некој те навреди, одговори му со ‘прости ми, брате’, бидејќи ваквата смиреност ги руши сите ѓаволски замки.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button