Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Со што хороскопските знаци ги одбиваат луѓето од себе: Овенот зборува без да размисли, а Близнаците обожаваат да озборуваат

Реклама

Некои ззнаци се премногу задоволни од себе. На други пак, јазикот им е побрз од паметот, па не внимаваат што и на кога зборуваат. Еве со што ги одбивате луѓето од себе, базирано на вашиот хороскопски знак.

ФОТО: healthline.com

Овен

Зборувате работи пред добро да размислите за нив. Последицата од таквото однесување е топла повредени луѓе во вашата околина…

Бик

Цврсто се држите до своето мислење и по никоја цена не се откажувате од него. Дури и кога ќе ви докажат дека не сте во право – вие не попуштате.

Маркетинг

Близнаци

Сакате да озборувате и да раскажувате трачеви кои ви биле раскажани. Поради тоа другите ја губат довербата во вас.

Рак

Вие важите за личност која другите лесно може да ја повредат. Луѓето околу вас имаат чувство дека доволна е една погрешна реченица за да се соочат со бурна реакција од ваша страна.

Маркетинг

Лав

Вам ви е важно постојано да сте во центарот на вниманието, па често изгледате напорно во туѓите очи и уши. Незадоволни сте кога другите не ве слушаат додека зборувите, па со тоа брзо ги нервирате оние околу вас.

Девица

Вие сте деталисти до непотребна мера, па често пропуштате некои важни работи и не им обрнувате внимание, а би требало.

Вага

Од некоја причина вие на луѓето им оставате впечаток дека глумите, односно, дека не сте ни приближно такви какви што му се претставувате на светот. А со лажни личности дружењето е доста тешко…

Скорпија

Вие сте големо злопамтило. Кога еднаш човек ќе ви префрли нешто, тогаш вие не сакате да го оставит на мир. Секогаш знаете да ги извлечете старите проблеми.

Стрелец

Знаете дека на светот постојат и други луѓе, но тие некако ви се помалку важни од самите себе. Не ве интересира што имаат тие да кажат, затоа што секогаш мислите дека знаете најдобро.

Јарец

Честопати имате песимистички поглед кон светот, како и проблем за секое решение. Со текот на времето тоа почнува да им пречи на другите луѓе.

Водолија

Намерно им се спротиставувате на другите, само за да видат колку посебна личност сте. Дури и кога со некој се сложувате, вие имате навика да заземете спротив став, сакајќи вашето мислење да остави силен впечаток.

Риби

Со бујна имагинација и склоност кон фантазија, вие во реалноста немате добар соговорник. Умеете на средина на разговорот да одлетате со мислите, па да стане очигледно дека не го слушате соговорникот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button