Овие личности се искрени и отворени, кои не се плашат да го изразат своето мислење, па дури и во ситуации кога попаметно е да се задржи за себе. Овните се мудри, интелигентни, но и чувтвителни. Како прв знак во Зодијакот, тие најдобро се снаоѓаат во улога на лидери, додека подредената работа им доаѓа потешко.
Овие личности се искрени и отворени и никогаш не се плашат да го изразат своето мислење. Отворени се, комуникативни и директни, а околината ги цени токму поради овие особини. Не сакаат лаги, подметнувања и задгрбни игри, па со нив секогаш ќе знаете на што сте.
Во друштвото секогаш го имаат главниот збор, а и самите ценат поединци кои се отворени и комуникативни. Имаат многу идеи и секогаш започнуваат некој нов проект, но проблемот е што честопати им недостига трпение и упорност за започнатата работа да ја доведат до крај.
Овните сакаат да ги држат работите под контрола, а тоа често им оди од рака. Кон целта одат многу внимателно, а полни се и со амбиција и мотивација. Имаат многу позитивна енергија во себе, што често е заслужна за нивниот голем успех.